Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Еј-би-си кажа дека верува дека преговори со рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната се сè уште можни. Макрон кажа дека инвазијата на Украина е голема грешка на Путин.


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град".


На официјалниот избор „Мажи на годината" во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин, наградата „Маж на годината" за 2022 година, ја доби Маестро Симон Трпчески.


Шпанската полиција пресретнала во палатата Монклоа во Мадрид коверт со пиротехнички материјал адресиран на премиерот Педро Санчез, објави денес шпанскиот весник Ел паис.


СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот" и ,,загрозување на безбедноста во сообраќајот".


Денеска министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.


Уставниот суд одлучи да го укине членот од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст" кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.


Во рамки на акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, спроведена заради зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, констатирани се две кривични дела поради возење без лиценца и 33 сообраќајни прекршоци, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).


Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со убедлива победа во два сета го совлада италијанскиот противник Федерико Бондиоли и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мадрид. 


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска направи обиколка на локацијата во фабриката  „ОХИС" каде што е спакувана контаминираната земја со линдан (HCH) од малата депонија.


Лео Меси имаше краток разговор со Роберт Левандовски по крајот на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска, напаѓачот на ПСЖ вели дека работите што се кажуваат на теренот, треба да останат таму.


На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) откако МКД.мк објави дека попладнево се евакуирани учениците од скопската гимназија „Никола Карев".


Град Скопје попладнево соопшти дека денеска е раскинат договорот со здружението на приватни превозници „Слобода превоз" поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот.


Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието во 2017 година и за првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби.


Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на девет политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција, информираа денеска  од Коалицијата на младински организации СЕГА.


Во кино „Милениум“ вечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана новата книга на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“.


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика денеска Германија на Берлинската безбедносна конференција да продолжи со зајакнувањето на своите вооружени сили. „Одлуката на Германија значително да ги зголеми трошоците за одбрана со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници е историска", рече Столтенберг.


Попладнево се евакуирани учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ од втората смена. Bo училиштето пристигнала закана дека е поставена бомба. Пристигната е специјална полиција, учениците и вработените се евакуирани, наставата е во прекин. Пријави има и во други училишта.


Координативното тело на приватните превозници утре со почеток од 6 часот ќе го блокираат булеварот „Илинден" од семаформите после Влада до „МИ-ДА". Ќе биде блокирана само десната летна од булеварот. Доколку протестот не вроди со решавање на нивните барања, во понеделник ќе биде организирана целосна блокада на главниот град.


Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.