Активни се седум пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 38 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување не можат да бидат ад – хок решение. Она што го направивме во првите девет месеци со линеарното покачувањето од пет илјади денари, беше со цел да се подобри состојбата на сите пензионери. Треба да се промени цел еден систем, бидејќи во моментот односот вработени – пензионери веќе не е 2:1, туку е 1:1, 5, дури ни толку. Не можеме да си играме со пензискиот систем. Не можеме да дозволиме наши граѓани да останат без примања во пензионерските денови.

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите.”

До 18:30 часот, имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата „БТВ“.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, информира УХРМ.

Три деца од Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Тежок ден е зад Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка, која се соочи со голем и брзоширечки пожар во атарот на Крива Паланка. Пожарот, кој избувна на 9 јули околу пладне во село Градец (Долен Градец), брзо се прошири поради силниот ветер и загрози повеќе населени места, вклучувајќи ги село Лозаново и населбите Бегови Бавчи и Мизовски Ливади.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерки за обезбедување присуство против две лица осомничени за нападот врз новинарска екипа на телевизијата Алсат М, кој се случи за време на пожарот во скопската населба Визбегово.

На денешната прес-конференција во Центарот за управување со кризи, директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али ја информираше јавноста за актуелната состојба со пожарите кои се регистрирани од јуни годинава заклучно со денес.

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди вчерашниот напад на новинарската екипата на „Алсат“ што се случи додека известуваше за пожарот на дивата депонија во Визбегово.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информираше дека статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван.