ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола

Пешевска: Со измените на кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата - се движиме во правилна насока

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство. Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Гарет Томас. Исто така, на бизнис-форум организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, министерот ќе ги презентира економските потенцијали и можностите за инвестирање во земјата пред повеќе британски компании. Во британскиот Парламент, министерот Муцунски ќе оствари средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Република Северна Македонија, а во реномираниот тинк-тенк „British Foreign Policy Group“ ќе има обраќање и дискусија на тема улогата на Северна Македонија во евро-атлантската безбедност и регионалната стабилност, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека во рамки на престојот во Обединетото Кралство, Муцунски ќе оствари средби и со наши иселеници во градот Литлхамптон, каде ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и македонска фолклорна група и дечињата од македонската заедница кои посетуваат настава по македонски јазик. Целта на посетата, како што наведуваат од МНРиНТ, е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.

Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.

Возете внимателно: Одрони на патот Делчево - Македонска Каменица

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Единствен документ што им треба да пријавување е потврда од матичен лекар дека се здрави, а пријавувањето е во локалните центри за вработување.

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток

Интензивно се работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и унапредување на квалитетот на здравствените услуги низ целата држава, соопшти Министерството за здравство.

„Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за што, актуелната Влада предложи, а пратениците усвоија ново законско решение кое значи унапредување на инклузивноста на националниот образовен систем“, велат од МОН

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ, кај велешкото село Крушје, пожарот во општина Македонски број помеѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, понатаму пожарот во општина Гази Баба кај селото Раштак кон Љуботен, како и пожарот во општина Сарај.

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор.

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за замена на куќниот со затворски притвор за С.Љ., осомничен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.