Приведени две лица во Скопје, палеле оган и гореле кабли

Куќен притвор и мерки за претпазливост за напаѓачите на градоначалничката Арсовска

OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска

При претрес во Струмица пронајден е хашиш

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин

18 годишна девојка од с. Босилево пијана возела во Македонска Каменица

Возел дрво пијан и се тегнел со полицацјите - заврши зад решетки

Уапсен жител на Огњанци - предизвикал пожар во скопско

Завчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 72-годишен маж од Скопје пријави дека на 06.07.2025 околу 00:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од неговиот син Ф.С.(33) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Вчера во 11:50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Ф.(56) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола констатирано е дека патничкото возило „џип“ со германски национални ознаки кое го управувал евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол-Германија и било предмет на потрага.

Вчера во 02:30 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, по претходна пријава дека на 09.07.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, со закана со огнено оружје и со употреба на физичка сила и го одзел мобилниот телефон на неговата поранешна 27-годишна партнерка од Скопје.

Вчера околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ и ул.„531“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.В.(71) од с.Бунарџик, скопско и велосипед управуван од Г.А.(76) од с.Марино, скопско.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.К.(27), А.К.(23), Љ.Г.(41) , К.П.(30), М.П.(25) и И.Ц.(24), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја.

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.