На 13.11.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 45-годишен жител на Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје вознемирувал малолетник од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.11.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жителка на Скопје пријавила дека на 12.11.2026 околу 18:00 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар се оддалечила нејзината 12-годишна ќерка. Подоцна, мајката пријавила дека девојчето се вратило на 13.11.2026 во 07:40 часот во домот. Според пријавеното, нејзината малолетна...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.11.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга од Гостивар и ѝ нанел повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 50-годишен жител на Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 30.10.2026, пријавениот постапил спротивно на решението за заштита од семејно насилство на Основниот суд Берово, односно отишол во домот, агресивно се однесувал...
На 13.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје, 61-годишна жителка на Скопје пријавила дека околу 15:30 часот во автобус на ЈСП Скопје ѝ бил одземен паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.11.2026 во 00:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје приведоа 30-годишен маж и 23-годишна жена, двајцата од Скопје, затоа што во казино на подрачјето на Центар се однесувале агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.11.2026 во 22:05 часот на улицата „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга лишија од слобода 40-годишен жител на Охрид. При контрола и преглед во паркиран автомобил „цитроен“, во кој бил, полициските службеници кај него пронашле и одзеле пакување со бела прашкаста материја. По...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 50-годишен жител на Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.11.2026 и на 03.11.2026 во семејниот дом, пријавениот психички и физички ја нападнал неговата сопруга.
На 13.11.2026 во 22:00 часот во гостиварско Тумчевиште, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар лишија од слобода 36-годишен жител на Гостивар и 32-годишен жител на гостиварско Чегране. При преглед кај нив, кај 32-годишниот жител на Чегране биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање...
На 13.11.2026 во 22:30 часот во село во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициската канцеларија Македонска Каменица лишија од слобода 22-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и физички го нападнал неговиот 30-годишен брат. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно...
На 13.11.2026 во 22:00 часот во тетовско Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане приведоа 30-годишен жител на Тетово. При контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишен жител на Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.11.2026, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник кој вршел службени дејствија, а откако бил лишен од слобода, пред Полициската станица Гостивар пружал активен...