Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов како висок национален претставник на Македонија во Комитетот за градење отпорност на НАТО, од денес до четврток (16-18 септември 2025) во Берлин ќе учествува на серија настани на кои НАТО сојузниците разработуваат безбедносна симулација базирана на сценарио, насочена кон зајакнување на отпорноста во услови на сложени кризи: нарушувања во енергетските и комуникациските системи, сајбер-напади, хибридни закани.