Утрешниот празник, денот на трудот, но и близината со викендот, создадоа колони возила за излез од државата на граничниот премин Богородица.. Камерите на Јавното претпријатите за државни патишта вечерва покажуваат дека огромен број возила распоредени во четири колони чекаат за влез во Грција.. Од Автомотосојузот на Македонија, информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.. Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен во пресрет на утрешниот празник кој најверјатно голем дел од граѓаните го спојуваат со претстојниот викенд..

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена

„Чудо во Сихастрија!“ – Пронајдени моштите на двајца големи православни светци

Пелегрини: Иднината на ЕУ делумно зависи од приемот на нови членки, а особено на земјите од Западен Балкан

Трамп побара трпение откако воведените царини предизвикаа намалување на американската економија

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

Филков со целосна поддршка до Пандов: Правда мора да има и ќе има

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Образованието и науката годинава го добија најголемиот буџет досега. Со 620 милиони евра, за речиси 100 милиони повеќе од минатата година, се зајакнуваат основните столбови кои го детерминираат квалитетот на воспитно – образовниот процес и ја стимулираат научно истражувачката дејност. За краток период направени се крупни промени, од кои поголемиот дел беа поздравени од јавноста. Постојат и критики и тие ги прифаќаме како добронамерни сугестии и поттик за редефинирање и оптимизирање на одредени решенија.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Демир Капија присуствуваше на отворање на нова канцеларија на управните служби на министерството за внатрешни работи.

Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска ја стави во функција хипербарната комора, што ја доби како донација, а во која соодветна здравствена помош за рехабилитација ќе добиваат повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Лекар специајлист физијатар, двајца физиотерапевти и две медицински сестри од штипското Физикално одделение се на обука за третман на пациентите кои се повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев.

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Валандово“, велат од Електродистрибуција.