Пожарот во Трубарево е изгаснат и нема чадење уште во текот на вчерашниот ден. Иако експертите ни велеа дека ќе ни бидат потребни седум дена тој да биде заснат, ние тоа го сторивме за 30 часа благодарение на координираноста на институциите и на пожарникарите, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Пожарот во Трубарево е изгаснат и нема чадење уште во текот на вчерашниот ден. Иако експертите ни велеа дека ќе ни бидат потребни седум дена тој да биде заснат, ние тоа го сторивме за 30 часа благодарение на координираноста на институциите и на пожарникарите, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со нетрпение ја очекуваат резолуцијата за црвените линии со Бугарија што веќе еден месец ја најавуваат од опозициската СДСМ со цел да дадат свој придонес и да ги кажат нивните ставови.

Татко и ќерка се убиени попладнево во Велес. Според неофицијалните информации, момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себе си. -Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале. Потоа, исто така, примено е и момче на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт, изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес. Се уште се чекаат официјални информации за деталите на оваа крвава драма која ги потресе велешани.

Триесетина семејства за десетина дена треба да се вселат типските куќи кај Мирјанина црква во Штип. Објектите се веќе поставени, а во моментот се работи на поврзување со водовод, канализација и електричен напон. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека по завршување на овие градежни активности ќе бидат сместени и семејствата кој живеат во старото нервно одделение, а дел и во центарот на градот.

Верувајте работиме максимално на расчистување на случаите со запалените автомобили, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев кој при посетата на Штип одговараше на новинарско прашање, до каде е истрагата и откривањето на сторите на запалени автомоболи и каква е безбедноста во земјата по тоа прашање. Јанев не откри детали од истрагата, но, посочи дека многу брзо сите информации ќе бидат достапни.

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во соработка со германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), организира дводневна работилница за советниците на Судот кои работат по предмети. Во фокус е темата за уставната жалба и судската пракса за заштита на човековите права.

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, соопштија попладнево од Министерството за образование и наука.

Извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош во текот на изминатата ноќ, заклучно со попладнево, во реонот на Трубарево. Притоа, едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Денеска е пуштена за сообраќај првата делница од новиот булевар Струмица – село Дабиле. Овој проект е во партнерство финансиран од ЈПДП и Општина Струмица, односно со финансии од македонскиот народ, објави не неговиот профил на фејсбук, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година.