Тешка сообраќајка: Повредени се четири лица

Се испотепале за паркинг место

Пронајден е 76 – годишeн маж по кој се трагаше од вчера, тој е надвор од животна опасност

Скопје: 105 санкционирани возачи

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Маж објавувал детска порнографија

Вчера во СВР Битола, Б.М. од с.Крклино пријавил дека во атар на с.Крклино,битолско била пронајдена неексплодирана експлозивна направа, која во текот на денешниот ден ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Вчера во 18.30 часот во Полициското одделение Петровец Ф.М.(24) од општина Петровец пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра С.М.(16), за која се сомневал дека се наоѓала во Драчево кај нејзиното момче Ќ.Н.

Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.

Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Борка Талески“ зад Универзалната сала.

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.