Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, на коалицијата „Твоја Македонија“ и други граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде со музика и со развеани знамиња се слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова на парламентарните и претседателски избори во Македонија.

The post ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата на плоштад Македонија appeared first on Нова Македонија.


Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова е победник во вториот круг од претседателските избори. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освоила 524.658 гласови (65,04%), а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ 236.222 (29,29%). Исполнет е цензусот за избор на претседател во вториот круг претседателски избори. Изборниот законик предвидува за шеф на државата […]

The post Македонија ќе ја има првата жена претседател: Гордана Силјановска Давкова победник на претседателските избори appeared first on Нова Македонија.


Вечерва славиме пасокизација на СДС и факторизација на Левица, изјави првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. – Во првата изборна единица имаме двајца пратеници – Апасиев и Хактан, во двојка еден фиксен, нашиот портпарол, Амар Мециновиќ, во тројка еден фиксен, се бориме за втор за ситно за 300 гласа да влезе покрај Борислав […]

The post Ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, кажа Апасиев appeared first on Нова Македонија.


Соопштени првични резултати од парламентарните избори Од преброени гласови во 3.270 избирачки места, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е коалицијата предводена од СДСМ со 19 мандати, додека коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има 18 пратенички мандати, коалицијата Вреди 13, Левица шест и партијата ЗНАМ пет […]

The post ДИК: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати од преброени гласови во 3.270 избирачки места appeared first on Нова Македонија.


Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. – Криминалот, корупцијата, неспособноста, тендерите, одземената држава, непотизмот и уште стотина други последици кои направија државата да страда, а народот да е резочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се предавствата и поделбата. Тие стотина луѓе од ДУИ и […]

The post Мицкоски: Народот си ја спаси државата, време е ДУИ заедно со СДСМ да одат во опозиција appeared first on Нова Македонија.


Според проекциите на ДИК од досега преброените гласови, коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ во идниот 120 член собраниски состав би имала 59 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, Левица 6 и Движење ЗНАМ – За наша Македонија пет […]

The post Проекција на идниот собраниски состав: ВМРО-ДПМНЕ – 59 пратеници, ДУИ – 19, СДСМ – 18, Вреди – 13, Левица – 6 и ЗНАМ – 5 appeared first on Нова Македонија.


Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференција ги објави првичните неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори, со што и официјално почнуваат да течат роковите за евентуални приговори за гласањето. Извесно е дека победничка на изборите е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, која како што објави ДИК од добиените резултати до 22:20 часот, од […]

The post Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски appeared first on Нова Македонија.


Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата Европски фронт е втора сила во државата по денешните избори. – Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на […]

The post Европскиот фронт е втора сила во државата, порача Ахмети appeared first on Нова Македонија.


Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски. Тој им честита на граѓаните на државата кои, како што кажа, покажале „сенс“ за државата. – Македонија избра претседател. […]

The post Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив appeared first on Нова Македонија.


Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски, вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој ѝ ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. – Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната […]

The post Апсолутната власт носи девијации и ретроградни процеси, смета Јакимовски appeared first on Нова Македонија.